Одбележана годишнина од смртта на Кузман Јосифоски Питу

ОО на СБМ од Струга ја одбележа 74 годишнината од смртта на Кузман Јосифовски –Питу.

Делегацијата предводена од претседателот на ОО на СБМ – Струга Ајредин Мемети положија цвеќе на бистата на питу,која е поставена пред куќата на првоборецот Владо Малески и спомен плочата на која е запишано:„Во оваа куќа на 23 септември 1941 година,во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија,народниот херој Кузман Јосифовски – Питу,се одржа конститивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко“. Делегацијата во име ОО на СБМ –Струга и во име на Локалната самоуправа положи цвеќе на бистата на Питу. Пред присутните за животниот пат и слободарското дело на Кузман Јосифовски Питу се прочита реферат.Во рефератот меѓудругото се истакна дека Питу имал голема верба во Струга и стружани,но и љубов за Струга.На неколку пати тој доаѓал во Струга,во строга илегалност и притоа им издавал задачи на МК на КПМ и СКОЈ. Струга треба да биде горда што низ нејзините сокаци минувал и таков херој каков што бил Питу .Затоа градот треба вечно да се сеќава на него и да ја слави неговата гибел за слободата на Македонија.Затоа кака што Питу велел:Борбата почнала токму во Струга предводена од Димитрија и Константин Миладинови.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани