Градоначалникот се запозна со проблемите во Куратица

Со синоќешната средба со жителите од селото Куратица со градоначалникот Јован Стојаноски, секретарот Игор Бежоски и нивните соработници, завршија планираните активности за посета и разговори во сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид. 

 

Жителите од селото Куратица на средбата побараа да се испитаат можностите за пренесување на правото со водоводот да стопанисува и да го одржува МЈП „ Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ , да се оспособи за сообраќај веќе пробиениот пат до селото Злести во општина Дебрца, да се асфалтира патот до црквата Света Богородица, да се подобри мрежата за улично осветлување и да се наложи, ГП „ Гранит“ да ги исчисти каналите кај каменоломот со кој стопанисува.

Претставниците на Локалната самоуправа, предводени од градоначалникот Јован Стојаноски, одговорија дека ќе се одржат дополнителни средби со месната заедница, на кои  ќе се договара динамиката за етапно решавање на споменатите и другите комунални проблеми.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани