Елем го зголемува производството за да го забави растот на езерото

АД ЕЛЕМ го зголемува производство на електрична енергија зада го забави растот на котата на Охридско Езеро, која денеска е 11 сантиметри под максимално дозволената вредност.

Со оглед на тоа што 2018г. е година на големи води, АД ЕЛЕМ вложува максимални напори со зголемување на производство на електрична енергија да го забави растот на котата. Планот за максимално производство се реализира од пред два месеца, а ќе продолжи и во периодот од следните неколку месеци, додека котата не се стабилизира под номиналната максимална вредност од 693.75“, соопштуваат од ЕЛЕМ.

Според хидролошката информација издадена од управата за Хидро-метеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро денеска изнесува 693.64 мнв(метри надморска височина), односно е на 11cm под максималната кота од 693.75 мнв.

Од ЕЛЕМ појаснуваат дека со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП од 24.11.2017 за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, пропишано е дека АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија може да ја користи водата помеѓу минималната и максималната кота на Охридското Езеро, од 693.10 до 693.75 мнв, освен во исклучителни случаи при појава на големи води, кога максималната кота може да биде 694мнв.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани