Поради зачестените земјотреси потребно е сеизмичко јакнење на спомениците

Зачестените земјотреси на Баканот го отвораат прашањето за сеизмичко зајакнување на културно историските споменици.

Тому на оваа тема денеска,  во организација на ИКОМОС МАКЕДОНИЈА И МАПЕИ во соработка со НУ-Завод и Музеј во Охрид се одржа форум. 

 

Сеизмичкото  зајакнување на споменици/историски градби со користење на композитни материјали е клучно за да се зачуваат бројните споменици.

 

-„Земјотресите стануваат се почести на Балканот. Покрај што треба да се гижиме за зградите во кои живееме треба да го запазиме културното анследство кое треба да го оставиме на идните генерации. вели  Красимир ВУЗГЕНЧЕВ, дип.инж. – МАПЕИ-Бугарија – 

Експерти конзерватори меѓу друготот разговаараа за „Традиционални материјали на база на вар и нови композитни материјали и методи за конзервација/реставрација и зајакнување на недвижно културно наследство“. 

Спомениците градени пред повеќе векови и милениуми треба да имаат соодветна заштита со компатибилни материјали. 

-„Јас лично сум го препознал значењето за употреба на квалитетни материјали и воедно дел од програмата на Мапеи сум ја користел во изработката на фонтаната „Четирите Рајски реки“ Многу ја охрабрувам примената на квалитетно избрани материјали во овие деликатни ситуации во кои се наоѓаат наѓите споменици. Значи да се одберат материјали кои нема да нанесат штета , туку заштита на спомениците“. вели Никола Упевче концзерватор. 

Потребни се компатибилни материјали кои нема да нанесат штета на вредните споменици на културата. Тие материјали се скапи велат експертите но се важни да се зачува она што се создавало низ вековите.

-„Скапи се тие материјали.  Поскапи од злато се, кој може да го поднесе тоа ќе ги користи кои не може не . Ние се трудиме со конвенционални но компатибилни методи и материјали да ги зачуваме вредните споменици во земјава„, вели  д-р Лазар ШУМАНОВ, конзерватор-советник.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани