Општина Струга објави тендер за избор на градежна фирма што ќе ја реализира реконструкцијата и адаптацијата на улицата „Маршал Тито“ (шеталиште „Корзо“).
Според планот ќе се гради ново шеталиште, на кое ќе се постави природен камен на површина од 3.760 метри квадратни. На улицата „Маршал Тито“ ќе се изведе атмосферска канализација, ќе се постават две типски бараки, ново јавно осветлување, жардиниери и урбана опрема.
Вкупната вредност на проектот е 22 милиони денари, а реализацијата е предвидено да се комплетира во период не подолг од 12 месеци.


