Со години во строгиот центар на Охрид пред очите на целата јавност илегално, но јавно без нималку страв и криење си работат улични менувачи на девизи.
Најчесто стојат на раскрсницата кај градскикот пазар. Парите ги држат во раце секој може да ги види. Подвикнуваат евро, долар!
Доволно е само да застанете со автомобилот и без многу муабет, без документи или лични карти да разменете девизи. Но, целата одговорност паѓа на вашиот грб, а исто така и ризикот што го преземате, бидејќи никој не ви гарантира дека не станува збор за фалсификувани пари или каква било друга измама. А бидејќи тие работат на „црно“ нема ни каде да се пожалите доколку сте изманипулирани.
Нивната целна група најчесто се странските туристи, кои недоволно информирани мислат дека само разменуваат пари.
Сопствениците на лиценцирани менувачници велат дека дивите дилери на пари претставуваат директна закана за нивниот легален бизнис. Тие се изложени на безброј давачки и даноци кон државата, а уличните менувачи не плаќаат ништо.
Се прашуваме зошто никој не реагира на оваа нелегална појава?
.jpg)
.jpg)
.jpg)
