Со безбол палка, син ја претепал својата мајка

Агресивен и насилен 34 охриѓанец со безбол палка ја претепал мајкаси.

Вистинска семејна драма се случила на десеети месецов во семеен стан во Охрид. Разгневен и агресивен 34 годишниот Г.Л., земал безбол палка и ја претепал својата мајка. Г.Л. казненото дело го сторил на десетти овој месец околу 20 часот во домот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. При семејна расправија со родителите, пријавениот започнал да им упатува сериозни закани по нивниот живот по што започнал да крши делови од покуќнината. Во моменти на силна агресивност физички ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со рака во предлот на градите. Физичкиот напад за кратко го спречил неговиот татко но по кратко време пријавениот земал безбол палка и продолжил да ја удира мајка си, задавајќи и повеќе удари во главата. Од ударите, таа се здобила со телесни повреди во главата, левата рака и градниот кош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.
Охридската полиција, до надлежното обвинителство, на Г.Л. му поднесла кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда”.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани