Полицијата при претрес во Долно Средорече, пронајде воздушна пушка и 21 куршум.
Охридската полиција при претрес во домот на 40 годишниот С.С. од селото Долно Средорече, пронајде воздушна пушка и 21 куршум.Претресот бил извршен на трети овој месец, врз основа на писмена наредба од судија на претходна постапка.
-Притоа, полициските инспектори пронајдоа и одзедоа една воздушна пушка непозната марка како и 21 куршум различен калибар. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Портпаролот додава дека против С.С.била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
