Низа награди за охридските „Прличевци“

Успеси за учениците од ОУ „Григор Прличев“ на двата натпревари.

 

На регионалниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 17.3.2018 (сабота), на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ –Скопје учениците од ОУ „Григор Прличев“ -Охрид под менторство на професорката Моника Герасимоска ги освоија следните места:
I место Јана Петреска IX 3 одд
II место Викторија Аврамоска IX 2 одд
Како најдобри од овој регион обезбедија учество на државниот натпревар.


Во саботата на 17.3.2018 год во ПСУ “Јахја Кемал” – Струга се одржа натпревар по математика- физика за добивање стипендија. Во конкуренција од 140 ученици, учениците од ОУ „Григор Прличев“  постигнаа високи резултати.
– Ученикот Петар Мишов IX-1 одд го освои I место со најмногу поени на натпреварот и се здоби со стипендија 90 % попуст од годишната школарина за сите четири години при упис во ПСУ “Јахја Кемал” .
– Ученичката Анастасија Стојаноска IX-3 одд во категоријата за физика беше трето пласирана .
– Покрај нив во најдобрите топ 20 ученици се пласираа и учениците : Елена Бакреска IX-5, Ева Љушеска IX-1, Ристе Ристески IX-1 и Јана Ангелоска IX-5 oдд.
Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани