ФОТО: Изработено идејното решение за марината во Охрид

Архитектонското студио „Тетрактис“ ги објави фотографиите од идејното решение на марината во Охрид.

Не се работи за мегаломански проект, напротив мала марина која може да одговори на потребите на Охрид, а во исто време да не нанесе штета на биодиверзитетот на Охридското езеро.

-„Проектот претставува идејно решение за марина “Студенчишта” во Охрид која е дел од интегралното решение за Студенчишко Блато. Истата е дизајнирана со сензитивно вреднување на природата на начин кој нема да ја наруши силуетата на пределот и функцијата на блатото.
Во процесот на изработка на проектната документација ке бидат применети сите препораки на локалните и регионалните експерти“, информираат од „Тетрактис“,.

Согласно проектот изградбата на марината е предвидена на просторот кај денешна АРМ во каналот. 

-„Покрај другото,целта да се изгради марина токму на тој дел на езерото е и заради ревитализација на блатото.Со сегашнава состојба огромен дел од блатото е затрупан со тони шут и бетони.Исто така и Комуналец ќе се дислоцира и ќе се отстранат илјада тони шут.Со ископ на просторот каде е сега АРМ голема количина на вода ке се доближи до блатото,вековната врска на блатото со езерото која изминативе 20 год. е прекината ке се возобнови.Предвидено е преку марината со канали да се поврзи блатото и да се донесе водата назад каде и што била.Така да овој проект експертите го анализираат малку подлабоко од нас“, вели Будимир Соколовиќ сопственик на едрилица во Охрид. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани