Зимата не се откажува, повторно снег и нови забрани за товарни возила по превоите.
Поради врнежи од снег, од 08:50 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
