Од Поградец на незаконит лов кај „Св.Наум“

Ловџија од Поградец, бил фатен при незаконит лов во националниот парк „Галичица“, во Националниот парк „Галичица“,кај „Св.Наум“..

Како што информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вчера во 17.00 часот од страна на полицискиси службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“ кај место викано „Попо“ без лични документи, било затекнато лицето А.П. (56) од Поградец – Република Албанија.Со него имал една пушка марка „Benelli“ со шест ловни куршуми.

-Тој е затекнат при вршење кривично дело – “незаконит лов“, казниво по член 228 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија во подрачје под Националниот парк „Галичица“. Лицето беше приведено и задржано за понатамошна постапка, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани