ЈП Билјанини Извори со натпреварите за прво и трето место, утре ( сабота, 31. 03 ) со почеток од 17 часот ја заокружува организацијата на Бизнис лигата во мал фудбал за оваа година.
ЈП Билјанини Извори со финалните натпревари во сабота и недела ја заокружува организацијата на првата Охридска Бизнис лига во мал фудбал. 13 екипи ( компании ) во изминатите три месеци одиграа 12 кола проследени со многу голови, убави потези и секако фер плеј игра. Викендот на најдобрите четири започнува утре ( 02. 03 2013, сабота ) во спортската сала Билјанини Извори со полуфиналните натпревари и тоа:
18 часот, АД Телеком – Жито леб, и
19 часот, ЈП Билјанини Извори – Сојуз на училишен спорт
Натпреварите за трето и прво место ќе се одиграат во недела 03. 03 2013 со почеток од 16 часот.
Покрај наградите за најдобрите четири екипи ЈП Билјанини Извори има обезбедено и награди за најдобар играч, голман и стрелец.
Првите три компании ќе добијат и ваучери за бесплатни термини и рекламирање во Спортската сала Билјанини Извори.
ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на фудбалот, спортот сите граѓани на Охрид да присуствуваат на финалниот викенд од првата Бизнис лига во мал фудбал ( влез слободен ).
