Трет филмски фестивал на ФАМУ Охрид

Инситут за филм – филмска Академија Охрид во периодот од 2ри до 6ти април, 2018 година, го организира својот трет студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

Овој настан предвидува разновидна и богата четиридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. Официјалното отварање на фестивалот започнува во понеделник, 2ри април во 19 часот, со филмот Rooftop Story на Газменд Нела, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија. Овој настан е само нашиот вовед од многуте предвидени успеси. Поради ова, би ни било огромно задоволство доколку Вие, заедно со нас, ги следите нашите чекори. Вашата медиумска поддршка е од наше огромно значење. Влезот е бесплатен за сите посетители.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани