Ситуацијата на струшкото крајбрежје во моментов е доста сложена. Поплавен е поголем дел од Машка плажа, дел од паркот, импровизираното пристаниште и шеталиштето крај устието.
Се поплавија просториите на ЕК „Снегар“, но со навремената акција на едриличарите и Пожарната единица од Струга, состојбата се врати под контрола. Со голема пожртвуваност на струшките едриличари и загрижени граѓани, беа спасени 2 чамци, една едрилица и еден глисер. За жал, еден чамец е целосно потопен и срушен во браната, информираат од Едриличарскиот клуб Струга.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
