ФОТО: „Алексеј“ урна дрво кај угостителско

„Алексеј“ го оштети и охридското средно угостителско-туристичко училиште.

Циклонот „Алексеј“ синоќа откорна и урна дрво во дворот на Средното угостителско-туристичко училиште “Ванчо Питошески” во Охрид. Вчерашното невреме, проследено со силен јужен ветер откорна едно од дрвјата во паркот пред школото кое, по налетот на силниот ветар буквално се откорна од земјата и се струполи на кровот од објект на училиштето. Падот на дрвото предизвика помала материјална штета. Инаку, вчерашното невреме проследени со силен јужен ветер и сожд, кое ги зафати Охрид и Струга,предизвика низа проблеми. Во Охрид беа поплавени улици, угостителски објекти, домови и целото крајбрежјето, а во Струга поголем дел од машка плажа, дел од паркот, импровизираното пристаниште и шеталиштето.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани