Успешно реализирана Бизнис лига во мал фудбал

Со натпреварите за трето и прво место, одиграни во саботата, заврши овогодинешното издание на Бизнис лигата во мал фудбал.

-„Успешната организација и задоволството на сите учесници ни дава за право уште сега да се подготвуваме за наредното издание и на таков начин да воспоставиме традиција во организирањето на Бизнис лигата во мал фудбал. Овогодинешното издание имаше 11 компании, компании кои одлучија на своите вработени, преку учеството во лигата , да им понудат поинаков начин на дружење и рекреација. ЈП Билјанини Извори јавно им се заблагодарува на сите учесници и компании за нивното учество и уште од сега им го најавува следното издание на Бизнис лигата кое го планираме да започне во месец октомври и да трае неколку месеци“, информираат од „Билјанини извори“.

Бизнис лигата во изминатите два месеци понуди многу интересни натпревари, потези, голови,одбрани и фер плеј однесување така што нашето дружење како организатори со сите компании и нивните учесници за нас преставува уште поголема мотивираност и обврска кон организацијата на идните изданија на Бизнис лигата во мал фудбал. Иако како претпријатие со организирањето на Бизнис лигата сакавме да понудиме тим билдинг за сите компании во кој главна цел е дружењето, зближувањето и комуникацијата и каде не е важно кој е прв, втор или најдобар играч, стрелец, сепак на крај би сакале да им честитаме на успехот на првопласираните екипи ЛТХ Леарница, Жито Леб, Метропол и ЈП Охридски Комуналец како и на најдобриот играч, голман и стрелец Љупчо Митрески, Наум Џалески и Горан Битолкоски. Веруваме дека на сите екипи, играчи, преставници и секако нас како организатори посебен мотив и пример ни претставува учеството на Наум Шапкарески кој со своите 60 години и фер плеј однесување ни покажа зошто ние треба да продолжиме и да ја развиваме Бизнис лигата во мал фудбал,информираат од ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани