Градоначалникот Кирил Пецаков ја честита Новата година.
Новогодишната ноќ поминете ја со најблиските, семејството и пријателите, со луѓе кои заземаат посебно место во Вашите животи. Создавајте спомени, создавајте приказни вредни за прераскажување на идните генерации. Во новата 2022 година влезете со чувство на радост, вера, љубов и спокој. Имајте ведри мисли врз кои ќе го градите секојдневниот живот.Ви посакувам 2022 година да Ви биде исполнета со здравје пред се за Вас и Вашите најблиски, личен успех и благосостојба. Среќата нека Ви биде составен дел од секоја минута. Бидете здрави, весели и насмеани!Среќна Нова 2022 година, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.
Фото Фокус
Видео:
