Машко бебе е првото новороденче во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.

Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.
Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек. Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

Можно е да е слика од лице, дете и внатре

Можно е да е слика од 3 луѓе, дете, луѓе што стојат, болница и внатре

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, внатре и болница

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани