Мирна Новогодишна ноќ во Охрид и Струга

Мирна Новогодишна ноќ во Охрид и Струга. 

„Ноќта и во Охрид и во Струга мина без наррушувања на јавниот ред и мир, без сообраќајни незгоди. Во Охрид од сообраќај биле исклучени пет возачи под дејство на алкохол“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Од МВР  оценија дека новогишната ноќ во земјава помина мирно и без поголеми инциденти со значително помалку кривични дела од претходната година. Регистрирани се 18 тепачки, 7 сообраќајки, кражби и опијанети граѓани. Четири лица се здобиле со тешки повреди во 4 различни сообраќајки по што биле пренесени во ургентниот центар. Превртени автомобили, судари, 48 казни за пијани возачи, 11 за брзо возење.  7 тинејџери завршиле на токсикологија, малолетници на возраст од 14 до 17 години. 

Во станица завршиле 12 лица а регистрирани се и 18 прекршувања на јавниот ред и мир.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани