Голем број верници претпладнево го посетија манастирот Свети Наум Охридски.
Манастирот и во зима наликува на рајска градина, во која околу вас се шетаат бројните пауни. Верниците палеа свеќи за здравје и се поклонија на гробот на големиот светител, лекар, исцелител Чудотворецот Свети Наум Охридски.
Со божествената литургија чиноначалствуваше Владиката Тимотеј.




