Пчелар треба да плати 15 000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец

Пчелар од Охрид треба да плати 15 илјади евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014 година а кој според пресудата после 8 години на Основниот суд од Охрид претрпел страв како и физички и душевни болки.

Според пресудата пчеларот се задолжува на тужениот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300 илјади денари, за претрпен страв од 200 илјади денари и за претрпени душевни болки од 100 илјади денари како и трошоци во постапка од над 150 илјади денари. „Ова е директен удар врз пчеларите“, велат од Здружението на плелари Охрид. Настанот се случил од 2014 година а пресудата е донесена после 8 години што за пчеларите од Охрид е уште една апсурдност покрај, како што ја нарекоа, смешната постапка. „Со постапката докажаа дека само поради тоа што сум поседувал возило со кое се транспортирани пчели а ниту во еден случај при преселба на пчели пчелите не го напуштаат пчелното семејство и се упатуваат по тротоари да оштетат некого ниту ние како пчелати имаме можност и влијание врз пчелите да посочиме една личност која би била нападната но Судот го прифати целиот спор и потврди дека јас сум виновен“, вели Лазе Грозданов пчелар од село Долно Коњско, Охрид. Апелација во Битола ја потрврдила првичната пресуда и го доставила предметот на извршување во Охрид каде се докажало дека пчелите биле од Грозданов и дека возилото со кое се пренесувале било негово. Со граѓанска тужба постапката продолжила за надомест на штета со барање од еден милјон и двеста илјади денари. „Судијата во Охрид наоѓа некое соломонско прифатливо решение и досудува казна од 600 илјади денари плус трошоци во постапка во висина од околу 300 илјади денари или вкупно 15 илјади евра. Ова не смее да стане судска пракса. Бараме да знаеме на што сме. Ако Судот може да носи вакви одлуки против пчеларите а за сообраќајна несреќа судат досудува оштета од 35 илјади денари тогаш која е логиката“, вели Грозданов. Пчеларите од Охрид бараат Републичкиот судски совет и Министерството за правда да го преиспитаат конкретниот случај и да одговорат дали, како што велат, чувањето пчели преставува високоризична професија и дали со оваа пресуда пчеларите се категоризирани во групата убици. „Благодарение на пчелите опстојува човечкиот род. После изумирање на пчелите човечкиот род има уште 4-5 години. Да не дозволиме вакви судски пресуди. Висината на казната не карактеризира како убици“, велат пчеларите. Субвенциите на пчеларите се 10 евра по пчелно семејство па пчеларите прашуваат дали државата не е соучесник во овој или слични вакви случаи. Настанот се случи во 2014 година а според образложението од пресудата Грозданов е огласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето по што бил искасан и отечен. Чуствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чуствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга. „Има контрадикторност во исказите од вештачењата на лекарите кои се дека претрпел анафилактичен шок кој се случува но после каснувањето после 5 минути се гушите и морате да побарате медицинска интервенција. Дејствијата кој тој ги опишува дека успеал да ги однесе дома сопругата и детето и се вратил треба најмалку половина час. Кога се селат пчелите нема можност рој на пчели да го напуштат возилото“, вели Грозданов и додава „Зошто толкава казна, ова е добро организирана шема за да си ги поделат парите но и сериозен удар врз пчеларството“. Грозданов вели дека пресудата ќе се обжали и најави масовна поддршка од сите пчелари од државава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани