Мал број гости овој празничен викенд во Охрид

Мал број  гости  престојуваат во Охрид за време на Божикните празници.

Иако е продолжен споен викенд сепак интерес за патување нема. Причина е ширењето на корона вирусот и рестриктивните мерки кои се на сила.Овие празнични денови ќе има мал број домашни туристи и од соседтвото велат од ХОТАМ.

„Нешто Бугарија, Грција ги откажа сите аранжмани кои ги имаат тие нели го слават Божик порно, но ги откажаа сите аранжмани, што доаѓаа псоле Новогодишните празници.Заради тоа што им бараат ПЦР тестови на враќање , Бугарија се уште не им бара има мал интерес. Ќе имаме и некои гости од Србија, што може да спојат еден долг викенд. Времето не послужи, сончево убаво, се надеваме дека ќе има и некои на поминување, од Албанија туристи“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Хотелскиот сектор е на работ на преживување, а се уште нема никаква финансиска поддршка од државата.

 „Во моментов нема вадење на трошоците, во моментов е загуба, од тие денови што беа околу Нова година исполнетост имавме само 30% , која беше премала за да очекуваме некаква заработка. Со оглед на то дека и енергијата е поскапена многу, голем дел од колегите имаат испуштено на 70% плата само да се преживее. Да останат вработените осигурани и да земаат минимални придонеси со оглед на целата индустрија немаме минимални приходи“, додава Блажески.

„Факт е дека функциноираме во многу тешки околности дефинитивно заедно менаџерите, вработените со максимална поддршка од сопствениците успеваме да го пребрдиме овој многу кризен и тежок период. Поддршката од државата ја имавме и важно  е дали ќе ја имаме немоновно е потребна. Како и да е сме оптимисти и борци се навкнавме да функционираме во вакви тешки околности“, вели Тоше Чочороски хотелиер.

Новиот бран и рапидното ширење на омикрон, кое во земјава се случи по Новогодишните празници ги загрижува туристичките работници, кои очекуваа 2022 година да биде година за закрепнување на туристичкиот сектор.

Новинар Соња Рилковска  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани