Аерозагадувањето на брегот на Охридското Езеро урива рекорди

Аерозагадувањето на брегот на Охридското Езеро урива рекорди. Со стартот на грејната сезона мерните станици секојдневно покажуваат енормно загадување . Сотојбата е алармантна особено во вечерните часови, кога се регистрира  присуство на штетните ПМ 10 честички во вредност од  над 250  мг на метар кубен. Еколозите велат  итно се потребни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

-Загрижувачки се состојбите во зимсикиот период кога од различните воздушен притисок немаме циркулација а од север од Буково имаме носење загаден воздух, чад смог кој што се позиционира над градот Охрид  Трајче Талески  еколог.

– Со таа прекумерна урбанизација на некој начин го стасавме Скопје ги стопиравме ветровите Стрмецот не се чувствува веројанто то е причината  изјави   Борис Стојаноски од ЕД Грашница.

Најпогодени од аерозагадувањето се децата, повозрасните и хронично болните. Лекарите препорачуваат во часовите на енормно загадување да се избегнува излегување надвор, пешачење и рекреација.

– Распираторни болести , хронично опструктивни болести, асма, меѓутоа влијанието е далеку поголемо. Особено малите честички навлегуваат во човечкиот организам влијаат на кардиоваскуларното здравје , влијаат на менталното здравје, на развојот на деменции кај луѓето и развојот на децата, вели д-р Ана Угринска од ДОМ.

Од општина Охрид велат изработен е план за подобрување на амбиенталниот воздух кој предвидува повеќе мерки и тоа субвенционирање на клима уреди, воведување на денови без автомобили, стратегија за озеленување на јавните простори, кљко и набавка на електрични велсоипеди и  возила.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани