Се работи на подигнување на свеста за органодарување

Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Триесеттина лица чекаат донор на срце, а 20 од нив се зависни од батерии,  живеат со механичка пумпа.  Повеќето се млади, .но,  свеста за органодарување е  ниска. Во земјава досега се извршени 11 трансплантации на срце, а ниту една кај пациент со механичка поддршка.

-Со дирекни контакти со граѓаните разговараме и апелираме до сите, додека сме здрави и живи да разговараме дека доколку нешто ни се случи не дај Боже, нашите органи да бидат дарувани и да спасат други животи, вели Ирена Ралева Најдеска

Органодарувањето е највисокиот чин на хуманост, кога би имало  поголем број органодарители, пациентите ќе ја добијат единствената шанса за живот.

Последната трансплантација на срце во земјава е извршена во март минатата година.  За подигнување на јавната свест за органодарување денес во организација на Црвениот крст  на градскиот плоштад во Охрид се делеа едукативни флаери.

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани