Охрид има потреба од Ургентен центар, но на оваа тема најчесто се зборува во екот на туристичката сезона, кога има двојно зголемен број на интервенции. Итните пациенти се згрижуваат во општа болница или во специјалната болница Св Еразмо. Со Ургентен центар ќе се намалат гужвите, а пациентите ќе добиваат подобра услуга.
Според менаџментот на здравствените институции нема потреба од изградба на нов објект, бидејќи на територијата на општина Охрид има пет здравствени институции, а нема специјалисти по ургентна медицина, потребно е организациски да се воспостави делување на Итната медицинска помош како Ургентен центар.

–Со најавите за централизација за спојување на ЈЗУ Општа болница Охрид и Здравствен дом Охрид тогаш веќче би можело да се импровизира содавање на еден Ургентен центар. На пример дежурства може да се организираат од кадри лекари специјалисти интернисти или хирурзи кои што се во оваа установа, меѓутоа тогаш би била една установа и би дежурале во Маларична односно Брза помош и би се направиле услови со мала сала за интервенции, вели Др Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид во изјава за МТВ.

-Мислам дека на вакви просторни услови кои ги имаат здравствените установи веќе има услови но само е потребна една добра тријажа и меѓусебна координација за уште подобро организациски би фунцкионирало. Со добра тријажа од страна на Брзата помош или таму еден мини поликлинички центар со мултирдисциплинарни дежурства и со добра тријажа и правилен распоред на пациентите во здравствените установи, вели д-р Харлампие Шокароски директор на Специјалната болница Свети Еразмо.
Итната медицинска служба во Охрид има капацитет да одоговори на потребите, се работи на подобрување на условите, но им недостига кадар.

-Во недостиг сме на доктори поради претходната година имавме три заминување едната докторка замина во пензија двајца доктори ни заминаа по други клиники а имавме само едно вработување бидејки беа замрзнати вработувања. Се надеваме да добиеме едно до две вработувања, вели д-р Михаил Кичов директор на Брза помош Охрид.
Пред десеттина години имаше најава за изградба на современ ургентен центар во Охрид. Планот беше во маларичната амбуланта да се изгради современа поликлиника, но тој проект до денес не се реализира. Ставот на градоначалникот е дека треба да се размислува и за нов концепт на работа на Брзата помош но и за изградба на модерен Урегентен центар.
Новинар Соња Рилковска
