Во Теферич гласаа 3 затвореници, право на глас имаат 422 болни и немоќни

Во струшкиот затвор денес гласаа само тројца затвореници. Во првиот круг на локалните избори право на глас имаа седумммина. Во казнено порпавниот дом од отворен тип Тефериќ, нема повеќе од десеттина осудени лица,  

Од ОИК велат изборниот процес мина без никакви забелешки,  Во избирачкиот список во Струга има вкупно 62 711  граѓани  кои утре  своето гласачко право утре ќе го остварат  на 101 избирачко место.

 -Во Струга се пријавени 422 болни и немошни лица. Во Затворот се пријавени тројца за гласање. Струга има 101 избирачко место. се тече најнормално, вели претседателот на ОИК Струга Минир Жута.

Ден пред изборите гласаат и болните и изнемоштени. Во општина Струга денес има  вкупно  422 , во првиот круг беа 296. Зголемениот број се должи на грипот и настинките.  Според ОИК непречено се одвива гласањето на терен во домовите.

 -Засега , изборниот процес се започнат навремено, се тече регуларно, законски.  Избираќките одбори ги доставуваат изборните материјали во законски одреден рок и време, одборите се сите на терен, се примаат материјалите и денес гласаат болните и затворениците. До сега не имаме некоји пријавени регуларности се, тече во најдобар ред, се надевам дека така ќе заврши денешниот ден.вели Катерина Чалјакоски член на ОИК Струга.

Стружани во вториот круг на локалните избори одлучуваат помеѓу двајца кандидати, во првиот круг во битката за градоначалник беа деветмина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани