Завршува манифестацијата “Струшки книжевни средби – 2026”

Со денешната посетата на соседниот Охрид, со вниманието и пиететот кон најзначајните споменици на македонската историја и култура, од страна на истакнатите поети од регионот, вкупно 12 од Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово, како и од Македонија, че биде означено завршувањето на манифестацијата “Струшки книжевни средби – 2026”.

Целиот изминат викенд се поетуваше во Струга, во Радожда и во Калишта, меѓу другото, и како  аманетот оставен од  сестраниот автор и зачетик на манифестацијата, Петко Шипинкаровски, за кого нашата, македонска поезија има богата и препознатлива традиција, и претставува уметнички белег на нашето постоење.

Настапија и истакнати поети од нашата земја кои творат на  македонски и албански јазик.

Вчера, во конгресната сала на хотел „Дрим“, во езерскиот, крајдримски поетскиот град Струга, се одржаа протоколарните содржини од  12-тата по ред манифестација „Струшки книжевни средби – 2026″.

Во рамки на манифестацијата беа доделени и годишните и јубилејните награди ,,Петковиот аманет”.

Награда за животно дело (култура, литература и новинарство): Веле Митаноски.

​Награда за животно дело (драматургија): Ристе Миладин.

​Странски автор на годината (за особен придонес во културата): Валерио Орлиќ (Хрватска).

​Автор на годината на „Македонска поетска ризница“: Ана Бунтеска.

Млади автори на годината на „Македонска поетска ризница“: Магдалена Петровска и Евгенија Пешинска.

Пред бројните присутни, интерес предизвика, промовирањето на  21. број на списанието за литература и култура „Бранувања“ кое опфаќа разновидни поетски, литературни и културни прилози од домашни и странски автори автори и е конципирано во обем од 210 страници.

Оваа традиционална манифестација, која се одржува во амбиентот на поетска Струга, уште еднаш покажа, дека, во рамките на пошиорокото регионално литературно создавање, македонската поезија има богата и препознатлива традиција, и претставува уметнички белег на нашето постоење.

Таа е дел од нашата културна меморија, но и жив простор во кој денес создаваат нови генерации автори, поради што ваквите поетски средби се од особено значење за афирмацијата на македонската поезија и македонските автори, за отворање нови хоризонти за македонската книжевност, за македонскиот поетски збор да допре до читателите и надвор од нашите граници – беше порачано од учесниците и присутните на манифестацијата.

Веле Митаноски

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани