Општина Охрид започна со активности за машинско и рачно чистење на речните корита, дивите депонии, одроните и други критични точки на територијата на општината.
Како што информира градоначалникот Кирил Пецаков, активностите се преземаат со цел превенција од поплави и подобрување на протокот и состојбата на речните корита.
Од Општина Охрид посочуваат дека активностите ќе продолжат на повеќе локации на територијата на општината.
