Општина Охрид ја подготвува Стратегијата за локален економски развој за периодот 2026–2031 година, заедно со придружен Акциски план. Во рамки на процесот, во четврток, на 15 октомври 2026 година, ќе биде презентирана нацрт-стратешката рамка, а граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите предлози, забелешки и приоритети.
Како што информираат од Општина Охрид, стратегијата се подготвува со поддршка на консултантската куќа СЕГ Холдинг, а процесот вклучува консултации со претставници на јавниот сектор, претпријатијата и граѓанските организации.
Целта е преку јавна дискусија да се разгледаат предложените стратешки цели, мерки, приоритети и програми за локален економски развој, со акцент на потребите на граѓаните и идниот развој на општината.
Презентацијата ќе се одржи од 10 до 12 часот, во Малата сала на Општина Охрид.
Заинтересираните граѓани треба да го потврдат своето присуство најдоцна до 14 октомври преку онлајн-формуларот.
Дополнителни информации се достапни на електронската адреса contact@seg-holding.com или на телефонскиот број 070 254 390.
