Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од понеделник, 12 октомври, почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Оттаму посочуваат дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.
Со активирањето на системот се очекува да се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на прекршоците и зголемување на сообраќајната дисциплина, со цел унапредување на безбедноста на патиштата.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.
