78-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрило товарно возило со приколка на улицата „15 Корпус“ во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, сообраќајната несреќа била пријавена на 20 октомври, околу 11 часот. Во жената удрило товарно возило „МАН“ со приколка, со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен охриѓанец.
Повредената жена била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Охрид. Се утврдуваат околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.
