Охрид ќе добие три нови амбулантни возила за потребите на Итната медицинска помош, како дел од набавката на вкупно 100 возила за здравствените установи во земјава.
Со новите возила се очекува да се подобрат условите за работа на медицинските екипи и да се овозможи побрза и поефикасна интервенција при итни случаи.
Информацијата ја објави пратеничката Грација Бакраческа од Охрид, која посочи дека унапредувањето на здравствените услуги и навремената медицинска помош се од особено значење за граѓаните.
Новите амбулантни возила треба да придонесат за подобрување на капацитетите на Итната медицинска помош во Охрид, особено при интервенции во кои брзината на реакција е од пресудно значење.
Со набавката на 100 возила на национално ниво се предвидува обновување на возниот парк на здравствените установи и подобрување на достапноста на итната медицинска помош за граѓаните.
