Бизнис заедницата со низа забелешки за новиот предлог Закон за јавни набавки на денешната јавна дебата во Струга.
Како ќе се утврдува економски најповолната понуда, кои ќе бидат критериумите, кога ќе биде исклучена електронската аукција, стимулативните мерки за вклучување на помалите фирми во ситемот на јавни набавки, но ги загрижува и начинот на функционирање на новиот електронски регистар .
– „Има проблем во случаите на како договорните органи ќе ги утврдуваат економските најповолни понуди , пошто некој тоа реално ќе треба да го спроведе во пракса. Многу фирми спомнаа за проблеми од различни сектори.0124 Многу фирми сметаат дека има потреба од донесеување на подзакоснки акти“, вели Љубомир Димоски прект менаџер „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
– „Нашите предлози ги ставивме на хартија за да може сите вие да давате коментари сугестии и критики потоа да ги дебатираме како сега тука и кога ќе завршиме да имаме еден закон кој што ќе биде квалитетен“, изјави Драган Тевдоски министер за финансии.
Целта на новиот Закон за јавни набавки е да ја зајакне транспарентноста и контролата, со цел да се исклучат познатите малверзации, односно доделување тендери на блиски компании до власта. Договорите и целокупната документација од секоја набавка ќе бидат јавно објавени во Електронскиот систем.
– „Првичната оценка е дека овој закон е подобар од претходниот бидејки се залага на три теми за оцемување не само најниската цена туку и квалитетот“, вели Милаим Амети оперативен директор на Стопанската комора на Северозападна Макеоднија.
– Новиот Закон може да донесе исто така на фирмите кои во иднина ќе учествуваат на странски тендери бидејќи вршиме усогласување со европските закони да им биде доста олеснето. Овој закон се потпира на директовите на ЕУ , вели Горги Георгиевски директор на Бирото за јавни набавки.
Новиот закон за јавни набавки се очекува да стапи на сила во јануари 2019 година.
Новинар Соња Рилковска