Блокади на Ќафасан

Доверители на „Фени” и вчера  протестираа, барајќи да им бидат исплатени побарувањата. До 16 часот вчера беше блокиран патот од Кавадарци кон Дреново.

 

Реџеп Елмаслари од Платиниум АЛБ- Тирана, рече дека дошле од Албанија на протестот.

– Нашата фирма го снабдуваше „Фени” со руда. Од јули минатата година ни ги немаат исплатено нашите побарувања. Нашата фирма ги има платено сите побарувања од државата, ги плаќавме работниците, а сега не можеме да си ги наплатиме нашите побарувања, изјави тој информирајќи дека ќе продолжат со протести и на територијата на Албанија.

Рече дека за ова го известиле Министерството за индустрија и за транспорт и премиерот Еди Рама.

– Ќе го блокираме граничниот премин Ќафасан, нема да дозволиме ниту еден камион со македонски регистарски ознаки да влезе или излезе, нагласи тој во изјава за медиумите, пишува Република.мк. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани