Вевчани е подготвен за најголемата карневалска манифестација во земјава.
Во среда, на 12-ти јануари, со отворање на Мултикултурниот центар „Коста Србаноски“започнува Вевчанскиот карневал.
Истата вечер ќе настапи охридскиот DJ Face и Жаре бербер. Следниот ден, на 13-ти јануари, настап ќе има и локалниот уметник Перо Бели.
– Годинава решивме на Вевчанскиот карневал да настапат македонски изведувачи, со што ќе ги поддржиме нашите уметници, истакна Кочовски за Република.
Дел од програмата, според Кочовски е и изложбата со фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори во Мултикултурниот центар.
Следната вечер Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски и спектакуларен огномет, ќе се одбележи Новата година според стариот Јулијански календар.
-Иако Свети Василиј, годинава е во работен ден очекуваме голема посетеност, како на карневалското дефиле, така и на забавниот дел од манифестацијата. Ќе понудиме добра забава, што ќе ја надополни туристичката понуда на Вевчани. Апелирам до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од Covid-19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски, истaкна Кочовски.
Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13-ти јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14-ти јануари
