Охридската полиција пронајде четири килограми марихуана во Велгошти.
При претрес во куќа во Велгошти,охридската полиција пронајде четири килограми марихуана.Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(23) од село Велгошти-охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.
-На седми овој месец во селото Велгошти при извршен претрес во домот на пријавениот, од страна на полициски службеници биле пронајдени 4 килограми и 158 грама марихуана. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена,информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.