Црвениот крст од Охрид, денеска ќе го одбележи Денот на крводарителството.
По повод Денот на крводарителството во Република Македонија, општинскиот Црвен крст организира пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебарца.Црвениот крст особено ја истакнува и улогата и придонесот на медиумите во унапредувањето и развојот на крводарителството во земјава.
-„Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи“- информираат од охридскиот Црвен Крст.
