Недоволна социјална заштита, необучени здравствени работници, непристапни медицински установи , недостиг на дневни центри, училишта полни со бариери се мал дел од проблеми со кои што се соочуваат лицата со попреченост во земјава.
Родителите на деца со попреченост се изгубени и лутаат бараајќи помош. Ова го покажа истражувањето на Здружението “Сината птица“ кое се спроведе во три општини Охрид, Берово и Боговиње.
.jpg)
– „Локалната власт малку повеќе да ги отвори вратите за овие лица да оформи посебни одели да назначи посбни лица кои што ке се ќе и пристапат на лицата со попреченост и семејствата на лица со попреченост на кои што овие лица ке може да се обратат, бидејки локалната власт е првото скалило“, вели оМимоза Петреска Георгиева претседател на Здружението „Сината птица„
Ниту пет посто од она што го предвидува конвенцијата на Обединетите нации за лицата со попреченост не се спроведува во земјава. Најголем проблем во туристички Охрид се физичките бариери за движење низ градот.
.jpg)
– „Најголеми проблеми кај телесно инвалидизираните лица е попреченоста односно движењето низ централното градско подрачје. Од општинската зграда да тргнее кон новиот дел направена е патека со неколку скали зарем тоа неможеше да биде рамно.0347 Еве лично мене ми требаат двајца помошници да би остварил некое право од здравствени причини“, вели Венко Голабоски Здружение „Мобилност“ Охрид.
Крајната цел на истражувањето поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка е да се мобилизира локалната власт и да се синхронизираат институциите за да им се олесни животот на лицата со попреченост.
Новинар Соња Рилковска
