Денот на ретките болести ќе се одбележи и во Охрид

Утре со марш низ улиците на Охрид ќе се одбележи Денот на ретките болести а ќе го подржат и децата од школото „Братство“.

Во рамки на кампањата на ЕУРОРДИС (Европска организација за ретки болести) , под мотото „Истражување“, со низа активности и охриѓани ќе го одбележат Денот на ретки болести,настани кои, пред се`, ќе бидат насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.Одбележувањето на Денот на ретките болести во Охрид ќе се одржи утре, на 28-ми февруари 2018 година. Централен настан како што се најавува ќе биде Маршот низ улиците на градот на кој ќе учествуваат ученици од основните и средните училишта како и Сојузот на училишен спорт, со што најмладите ќе ја дадат својата поддршка на лицата заболени од ретки болести. Помагатели на овој настан се градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, Секторот за внатрешни работи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Црвен Крст како и бројни институции и поединци.Збирното место за учесниците на маршот, учениците од основните и средните училишта, претставниците на локалната самоуправа, како и поединци и институции, подржувачи на кампањата, е пред гимназијата „Св. Климент Охридски“ во 12 часот.Учесниците на марашот ќе се движат до крајот на улицата „Јане Сандански“ кај хотел „Ројал“, десно по Кеј „Македонија“ па се` до плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе дели едукативно- информативен материјал за ретките болести. Како што најавуваат од Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“, во 13:30 часот е предвидена промоција на химната на Децата со ретки болести во ресторанот „Лихнидос“.
Денеска во ОУ” Братство Единство” одделенскиот час беше посветен на Денот на ретките болести. Одделенските раководители со своите ученици во паралелката одржаа предавања и работилници со цел да се приклучат кон кампањата за одбележување на Денот на ретките болести.Учениците од V- 4 одделение при ОУ” Братство Единство”, заедно со својот одделенски раководител Мирјана Карамешиноска, инклузивниот дефектолог Наташа Илоска и психолог во училиштето, Стојна Танос изработија хамери и отпечатоци со боите на логото за Денот на ретките болести и најавија вклучување во маршот закажан за 28.02.2018 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани