Два физички напади во Охрид, пријавени во СВР

Два физички напади биле пријавени во Охрид на 18 октомври, информираат од СВР Охрид.

Првиот случај бил пријавен во 03:30 часот, кога во ноќен клуб во Охрид едно лице физички го нападнало Д.Џ. (39) од Охрид.

Вториот напад бил пријавен во 14:45 часот на кејот „Македонија“, каде што С.М. (19) од Охрид физички го нападнал З.А. (58), со што го нарушил јавниот ред и мир.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за расчистување на првиот случај, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. За вториот случај, по целосно документирање на настанот, против 19-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани