Со поддршка на општина Охрид и ЈП „Охридски комуналец“, а на иницијатива од компанијата „Костал“ утрово започна акција за расчистување на јавните површини од паркингот кај плажа „НЕМО“ до пешачката патека кај каналот „Студенчишта“.
По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето со цел да се подигне јавната свест за одржување на чистотата.