Фатен на граница со фалс шасија на луксузно „БМВ“

Граничната полиција кај „Ќафасан“ заплена луксузно „БМВ“ со кое албански државјанин сакал да ја помине границата.Тој заработил кривична пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фасификување на исправа“, граничната полиција Регионален центар Запад поднесе кривична пријава против П.К. (46) државјанин на Република Албанија.
-На 12-ти овој месец околу 19 часот, на граничниот премин „Ќафасан“ на излез од Република Македонија, извршен е детален преглед на патнички автомобил марка „БМВ“ со албански национални ознаки сопственост на сега пријавениот. Притоа, констатирани се неправилности на бројот на шасијата односно негово целосно несовпаѓање. Од дополнителните направени анализи, утврден е фалсификат на бројот на шасијата, истиот е втиснат на несоодветно место а броевите и граничниците не се во оригинална форма, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициските службеници констатирале и други неправилности и недостатоци на патничкиот автомобил по што истото е одземено за натамошна постапка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани