Фатен охриѓанец кој осквернавил гроб

38 годишен охриѓанец осквернвил гроб, набрзо бил фатен од полицајците и приведен.

СВР Охрид вчера го пронајде и го лиши од слобода 38 годишниот Е.Ш. од Охрид кој извршил оштетување верски објект-гроб на улицата „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија во Охрид.Оштетувањето вчера во 16.00 часот во полициската станица Охрид било пријавено од од граѓанин кој го пријавил настанот.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека на местото на верскиот објект на улицата „Гоце Делчев“, полициски службеници извршиле увид и притоа било утврдено дека околу 15часот и 50 минути непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.
-По преземените мерки, СВР Охрид утврди дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид.Набрзо, тој беше пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани