По Струга, изложбата „Москва денес“ синоќа беше претставена и пред љубителите на уметноста во Охрид.
Станува збор за изложба којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.
На неа беа претставени познатите знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
На изложбата во Охрид писуствуваше градоначалникот Јован Стојаноски во придружба на рускиот амбасадор и рускиот конзул.
Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
