Јован Душкоски од струшкото село Буринец денеска е спасен и успешно евакуиран од завеаното село.
Од ненаселеното струшко Буринец, денеска со успешна акција на струшкиот Црвен крст, Дирекцијата за заштита и спасување струшката полиција и градската болница, успешно е извлечен Јован Душкоски, кој бил завеан во куќа во отсеченото село.
Црвениот крст од Струга на својот ФБ профил извести дека евакуацијата на Јован Душкоски од селото Буринец е успешно завршена и сместен во контејнери на Црвениот крст.Јован не е бездомник, тој е пензионер кој поради лошите временски услови и заради отсеченоста на селото беше принуштен да го напушти домот. По укажаната медицинска помош, Јован се чувствува добро.Буринец е село во Општина Струга. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.


