Ќе се градат два кружни тека во Струга

Ќе се реконструира една од главните сообраќајници во Струга.

 

Струшката локална власт планира изградба на  два кружни тека на улицата „Пролетерски Бригади“ и да го санираат коловозот на дел од оваа траса. Двата кружни тека би се вовеле на потегот од раскрсницата на оваа улица со магистралниот пат Струга – Ќафасан до улицата „Маршал Тито“ во строгиот центар на градот.

За изведба на градежниот проект е проценето дека ќе се одвојат околу 40 милиони денари од општинскиот буџет на Струга.
Заинтересираните компании за учество во тендерската постапка имаат рок до 3 април за да ги достават своите понуди. Идниот изведувач на градежните работи ќе се избере врз основа на понудената најниска цена. Времетраењето на идниот договор за изведба на проектот е една година, при што избраната фирма ќе има рок од 90 дена за да го реализира зафатот по добивањето на налог за работа.

Social profiles