Решавањето на проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи, беше тема на денешната средба со претставниците на месните заедници од коселското подрачје.
На средбата на која присуствуваа претставници на Локалната самоуправа, Центарот за јавно здравје, МЈП „Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ и Дирекцијата за храна и ветеринарство, беше речено дека проблемот мора итно да се реши бидејќи испитувањата на водата од селските водоводи покажуваат дека таа не е исправна за употреба.
Заеднички беше договорено во наредниве денови месните заедници да направат анализа на бројот на домаќинствата кои се приклучени на водоводите, каква е состојбата со броилата и наоѓање решенија за хлорирање на водата и можното одржување на мрежите од страна на МЈП „Проаква- РЕ Водовод-Охрид“. Какви ќе бидат решенијата ќе се знае по средбите со жителите на населените места од коселското подрачје кои треба да се одржат во текот на оваа и идната недела.