На овие локални избори Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа пред стружани.
Тој рече, лидерот на опозициската партија Филипче, ја злоупотребувал големата трагедија во Кочани, воедно го обвини за ново предавство со т.н. „црвени линии“ со Бугарија. Една од картите на кои игра опозицијата, СДСМ и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство. Многу е јасно зошто се кријат зад правосудниот систем. Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност, рече Мицковски.

-Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки. Нема ниту еден случај во институциите кои што сме го преложииле, обезбедиле со докази, а да заврши со обвинителен агт за било кој поранешен висок функционер. А случаи има колку сакаш, само недостатасува волја.. И со оваа корупција за која што сега зборувам, имам намера посебно да се занимавам после локалните избори, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Програмата на ВМРО ДПМНЕ за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет. Кандидатот за градоначалник на Вевчани, Спасе Кочоски рече во изминатите четири ветил чесна работа, која гордо ја оправдал.
– За иднина во која младите остануваат тука во која секој жител се чувствува сигурен, перспективен и достоинствен. Затоа денес повторно ја барам вашата доверба, рече Спасе Кочоски кандидат за градоначалник на Вевчани.
Носителот на листата на Советници во Струга, Коста Хиохи се осврна на предизвиците на градот на мостовите. Рече приоритет во следните години ќе биде решавање на проблемот со водоснабдувањето, депониите и загадениот воздух.

-Ќе обезбедиmе средства за заживување на старата струшка архитектура, а секоја нова градба ќе биде градена според однапред утврден и автентичен изглед, како што е предвидено со постојните законски одредби. Исто така, се обврзиме да се избориме за изградба на катни гаражи со преку 300 возила во најфефрентните делови на градот со цел да го решиме проблемот со сообраќањеот хаос, рече Коста Хиохи носител на листа на ВМРО ДПМНЕ за општина Струга.
Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина. На овие избори одлучува народот, заедно продолжуваме со јасна визија и цврста решеност за подобра иднина, велат од ВМРО ДПМНЕ, од каде ги повикаа гласачите да им дадат масовна поддршка.
Новинар Соња Рилковска
