Охридски комуналец не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња.
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец„ не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња.Дежурните служби од раните утрински часови ги расчистија влезовите и пристапните патеки до сите објекти на детската установа ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ . Патеките се посипани со абразивни средства со цел дечињата да имаат безбеден пристап до градинките, информираат од „Охридски кумуналец“.

